Израелската армија суспендираше група војници кои беа снимени како пушат наргиле и се шегуваат пред палестинските затвореници со врзани очи.
На видеото, кое беше објавено на социјалните мрежи и беше погледнато милиони пати во изминатите два дена, се гледаат војници како се смеат и јадат грицки додека најмалку седум Палестинци седат во иста просторија со нив во градот Џенин на Западниот брег, со врзани очи.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека е жално како се однесуваат војниците и дека тоа е целосно спротивно на вредностите на ИДФ, пренесува АП. Тој додаде дека по дисциплинска расправа војниците во резерватот се суспендирани до понатамошно известување, пренесува Танјуг.