Денеска во 12.10 часот на подрачјето на Карпош, полицијата го приведе А.Ј. (28) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 став 3 во врска со став 19 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Полициската станица Карпош, по што ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.