Ковачевски: Со системски решенија ставивме крај на неевидентираните лица во земјава, 526 личности добија изводи на родени

Ковачевски-Со-системски-решенија-ставивме-крај-на-неевидентираните-лица-во.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на настан по повод доделување изводи на граѓани кои се родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени.


„Денеска, ставивме крај на еден горлив три децениски проблем којшто го имаа стотици граѓани кои се родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени. Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не може да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца, едноставно ги немаше во системот на државата. Овие проблеми се веќе минато“, нагласи Ковачевски.

Со измените на Законот за матична евиденција, како што рече, се решаваат животни прашања на многу граѓани.

„Токму тие законски измени и дополни го отворија патот за решавање на околу 526 човечки судбини, од кои до сега извршен е упис во матичната книга на родените на 409 лица. Останатите 117 лица ќе се упишат до крајот на годината. После една деценија, им овозможивме да си го остварат правото на заштита на нивното здравје преку нивно здравствено осигурување, децата да посетуваат редовна настава и да добиваат свидетелства за завршено образование.

До сега, рече КОвачевски, овие луѓе беа надвор од пазарот на трудот, а сега им се овозможува вработување, да отвораат и регистрираат свои сопствени фирми.

„Со нивното евидентирање во матичните книги им отворивме можност да ги користат сите бенефиции кои им ги нуди Уставот и Законите на Република Северна Македонија. Тие сега можат легално да стапат во брак, а нивните потомци без никаков проблем да бидат заведени во матичната книга на родените.
Ги охрабрувам граѓанските организации да помогнат и лицата неевидентирани во матична книга доколку постојат и други кои досега не се охрабриле да го сторат тоа, што е можно најбрзо да се јават во матичните одделенија во местото каде живеат и да ја започнат постапката за нивно пријавување во матичните книги согласно Амандманите во Законот за матична евиденција.

Согласно овие амандмани во законот за матична евиденција и согласно можноста секој граѓанин кој е роден кај нас да се впише во Матична книга на родените и да ги ужива сите права согласно уставот и законот. Со ова Република Северна Македонија е прва земја во Европа која ова го овозможува без исклучок на секој свој граѓанин“, потенцира премиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK