Ретки птици пронајдени во дом на прилепчанец

Приведен-малолетник-управувал-возило-без-документи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради сомнение за сторено кривично дело „убивање или уништување на заштитни видови на дива флора или фауна“, казниво по член 232 од Кривичниот законик, а по наредба од Основен суд Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп вчера извршиле претрес во домот на Н.З.(60) во Прилеп.


Биле пронајдени 19 птици од сортата трнан и цајзли, кои биле предадени во Државен инспекторат за шумарство и ловство на РСМ.

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK