Историјата ја фаворизира Џирона

Историјата-ја-фаворизира-Џирона.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Екипата на Џирона игра брилијантно во тековната сезона од шпанската Ла Лига. Тимот од стадионот „Монтилви“ кој е во сопственост на „Сити фудбал груп“ од Обединетите Арапски Емирати беше хит на почетокот на првенството, а по 17 рунди, Каталонците се уште се на врвот на табелата во Примера.


Тие во понеделникот на домашен терен убедливо го победија Алавес со 3:0 (2:0) и ја забележаа 14. победа во сезоната. На табелата црвено-белите се пред гигантите Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.

Џирона по 17 кола има освоено 44 бода. Последните четири пати кога еден тим освоил толку бодови во овој дел од сезоната, три пати на крајот ја освојувал титулата.

Барселона во сезоната 2008/2009. имаше 44 поени и стана шампион, Реал во сезоната 2010/2011 не беше шампион, Атлетико ја освои титулата во сезоната 2020/2021, а истото го направи Барселона минатата сезона.

Дали избраниците на тренерот Мичел можат да направат сензација во светот на фудбалот? Ако тоа се случи, дали ова ќе биде поголемо изненадување од титулата на Лестер во 2016 година?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK