Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода 41-годишниот И.Г. и 41-годишниот Т.Г. од село Просениково, струмичко, извести МВР.
„При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.