„СДС-ДУИ ќе ја полнат администрацијата со нови над 500 партиски војници пред избори“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„СДС-ДУИ-ќе-ја-полнат-администрацијата-со-нови-над-500-партиски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Веќе еден месец сме сведоци на зачестени огласи за вработување во јавната администрација. Власта не планира да запре со вработувањата во очи избори, мислејќи дека така ќе купи глас повеќе, а всушност купува партиски мир. Државната ЕСМ предизборно ќе вработува речиси 550 лица. Според огласите за работа кои се објавени во дневните весници ЕСМ има потреба од нови 460 вработени“, вели ВМРО-ДПМНЕ.


„Нешто над 50 работници се потребни во ТЕЦ Осломеј и дваесетина нововработени во Хидроелектраната Црн Дрим кои исто така се под државните електрани.

СДС и ДУИ создаваат нездрава атмосфера во институциите полнејќи ги со партиски кадри пред избори.

Најголемиот број на вработувања кои ги реализира власта пред избори се со цел поткуп за гласање. По 7 години владеење ли се сетија дека на преполната државна администрација и треба кадар за работа?

Зошто тоа не го остават за после изборите ако толку е неопходно? Власта забегува со крадење и дивјачко однесување. И тоа народот жестоко ќе го казни“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK