Британски Телеграф за изборите во Србија: Претседателот е обвинет дека довел 40.000 луѓе од Босна да гласаат

Британски-Телеграф-за-изборите-во-Србија-Претседателот-е-обвинет-дека.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ривалите тврдат дека Србите во главниот град биле донесени од соседна земја, додека Александар Вучиќ тврди дека СНС победила, пишува британски Телеграф.


Како што пишува британски Телеграф, „лидерот на Србија прогласи победа на изборите, по обвинувањата дека со автобуси донел 40.000 луѓе во Белград“.

„Ова е апсолутна победа и тоа ме радува“, изјави Вучиќ пред официјалните резултати.

СНС на парламентарните избори освои околу 47 отсто од гласовите, доволно за апсолутно мнозинство во 250-члениот парламент.

Србија против насилството, проевропска група партии, според прелиминарните резултати, освои 23 отсто. Ја обвинија СНС за изборен фалсификат, најавија дека ќе се жалат и ќе побараат повторување на изборите, пренесува Телеграф.

„Бевме сведоци на сериозни обиди за кражба на изборите“, изјави еден од лидерите на коалицијата, Мирослав Алексиќ.

„Србија против насилството“ тврди дека биле издадени 40.000 документи на луѓе кои не живеат во Белград и дека „Србите од БиХ масовно биле пренесувани со автобуси да гласаат во Белград“.

Телеграф пишува и дека проекциите покажуваат дека СНС освоила 38 отсто во главниот град, додека СПН 35 отсто.

Имаше наводи дека на гласачите им се плаќало да гласаат и им се вршеле притисоци, како и извештаи дека бил нападнат набљудувачки тим.

Опозициските партии ја обвинија и владејачката партија за „поткуп на гласачи, задушување на слободата на медиумите, насилство врз противниците, корупција и врски со организираниот криминал“, пишува Телеграф.

Претседателот на Србија ги демантира сите тврдења за каква било изборна манипулација, пренесува овој медиум.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK