Песков: Знаеме дека западните санкции ќе траат многу години, но влијанието на САД слабее

Песков-Знаеме-дека-западните-санкции-ќе-траат-многу-години-но.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија работи на претпоставката дека санкциите на САД и нивните сојузници против неа ќе траат многу години, но дека влијанието на САД врз светската економија слабее, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


Песков го коментираше интервјуто во кое американскиот помошник државен секретар за енергетски ресурси Џефри Пјат изјави за Фајненшл Тајмс дека Вашингтон има за цел да ги преполови приходите на Русија од нафта и гас до крајот на деценијата, објави Ројтерс.

„Не се сомневаме дека овие санкции ќе траат многу години. И без изјавите на почитуваниот (американски) претставник тоа веќе го знаевме. Тоа го претпоставуваме кога ја формулираме нашата линија“, им рече Песков на новинарите.

Тој истакна дека Русија, исто така, не се сомнева дека САД ќе продолжат да се обидуваат да вршат притисок врз неа и врз целиот систем на трговски и економски односи, фундаментално уништувајќи го форматот на овие односи.

Светската економија не е ограничена само на американската економија, нагласи Песков и додаде дека Кина се израмнува со САД, пренесува Танјуг.

Според него, светот е многу поразновиден од САД, американско-центричниот свет завршува и започнува период на различност, кој вклучува меѓународни економски врски.

За да го компензира падот на трговската размена со Западот, Русија се свртува кон Кина, Индија и другите пазари на Блискиот Исток, Азија, Африка и Латинска Америка, наведува британската агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK