Во Украина оштетени или уништени околу 170.000 згради, загинаа околу 10.000 цивили.

Во-Украина-оштетени-или-уништени-околу-170000-згради-загинаа-околу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 170.000 згради во Украина се оштетени или уништени откако Русија започна војна против земјата во февруари 2022 година, изјави денеска Олена Шулјак, претседател на парламентарната комисија за регионален развој и урбанистичко планирање во Киев.


„Според прелиминарните проценки на Економскиот факултет во Киев, досега повеќе од 170.000 згради се уништени или оштетени во војната“, рече Шуљак, пренесе агенцијата Укринформ.

Од таа бројка, 20.000 се однесуваат на станбени објекти.

Според информациите, во руските напади биле погодени повеќе од 3.500 образовни институции и 420 големи и средни компании.

Уништени или оштетени се и аеродроми, 344 мостови и премини и 25.000 патишта.

Задачата не е само да се обноват и да се вратат зградите во првобитната состојба, туку да се обноват за да бидат посилни од порано, рече Шуљак.

Москва досега истрела илјадници проектили кон Украина. Покрај уништувањето, во конфликтот досега се убиени околу 10.000 цивили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK