Пораз со двоцифрена разлика за Пелистер во Полска

Пораз-со-двоцифрена-разлика-за-Пелистер-во-Полска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

facebook.com/hceurofarmpelister
Ракометарите на Пелистер го забележаа деветтиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва, екипата од Битола загуби кај европскиот вице-првак Кјелце со 35:25 (18:13). Пелистер и Целје се единствените екипи без победа оваа сезонава во Лигата на шампионите.


Еурофарм Пелистер во Полска имаше добро издание до 26.минута, кога предноста на Кјелце беше само два гола.

Од тој момент Кјелце го засили ритамот, а Пелистер влезе во лоша серија. До 47.минута Кјлеце стекна 11 поени предност (27:16) и практично го реши натпреварот.

Трастрасон го предводеше Кјеце со седум гола, колку што постигна и најефикасниот играч на Еурофарм Пелистер, Цехте.

Пелистер во 10.коло ќе го пречека Загреб.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK