Израел го протера шпанскиот амбасадор

УНИЦЕФ-предупредува-на-опасност-од-појава-на-епидемија-во-опколената.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен потврди дека го отповикал шпанскиот амбасадор поради, како што рече, „безобразните“ изјави на шпанскиот премиер Педро Санчез.


Коен, објавувајќи на социјалните мрежи, рече дека Санчез „уште еднаш ги повторил неоснованите обвинувања“ против Израел во врска со војната.

„Израел дејствува и ќе продолжи да дејствува во согласност со меѓународното право и ќе ја продолжи војната додека не се вратат сите заложници и Хамас не биде елиминиран од Газа“, напиша Коен.

„Еден ентитет е одговорен за масакрот на 7 октомври и за актуелната ситуација во Појасот Газа, а тоа е терористичката организација Хамас“, рече тој.

Во интервју за шпанската телевизија претходно денеска, Санчез изрази „искрени сомневања дека Израел го почитува меѓународното право во Газа“. За време на патувањето минатата недела со неговиот белгиски колега во Израел, палестинските територии и Египет, Санчез ги критикуваше операциите на Израел и рече дека палестинската држава треба да биде признаена.

Израел подоцна ги покани белгискиот и шпанскиот амбасадор на разговори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK