Оваа година е најтоплата во историјата: „Следната може да биде уште полоша“

Видео-Оваа-година-е-најтоплата-во-историјата-„Следната-може-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден месец до крајот на годината, познато е дека во 2023 година светот ќе достигне глобално затоплување од околу 1,4 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Привремениот извештај на СМО за состојбата на глобалната клима потврдува дека 2023 година ќе биде најтоплата година досега, со голема разлика во споредба со претходната најтопла година.


 

Во 2016 година, светот беше околу 1,2 степени Целзиусови над просекот од прединдустрискиот период.

Светските лидери денеска се состанаа во Дубаи на годишниот самит на ОН за климата COP28.
„Нивото на стакленички гасови е на рекордно високо ниво. Глобалните температури се на рекордно високо ниво. Растот на нивото на морето е на рекордно високо ниво. Мразот на Антарктикот е на рекордно ниско ниво“, изјави генералниот секретар на СМО, Петери Таалас.

Резултатите од извештајот, сепак, не значат дека светот ќе го надмине долгорочниот праг на затоплување од 1,5 степени Целзиусови, што според научниците е горната граница за избегнување катастрофални климатски промени, според Парискиот договор од 2015. За такво сценарио, нивото на затоплување ќе треба да се одржува подолго време.

Оваа година, морскиот мраз на Антарктикот го достигна најнискиот регистриран зимски максимален обем. Тој беше за околу 1 милион квадратни километри помал од претходната рекордна година. Глечерите во Швајцарија изгубија околу 10 отсто од преостанатиот волумен во изминатите две години, се вели во извештајот, додека шумските пожари изгореа рекордна површина во Канада, која сочинува околу 5 отсто од шумската површина на Земјата.

Климатските промени, поттикнати од согорувањето на фосилните горива, во комбинација со појавата на природниот феномен Ел Нино во источниот дел на Пацификот, влијаеја на споменатите рекорди. Следната година би можела да биде полоша, велат научниците, бидејќи влијанието на Ел Нино најверојатно ќе го достигне врвот оваа зима и ќе доведе до повисоки температури во 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK