Утрото во Србија беше одбележано со серија тешки сообраќајни несреќи во кои неколку лица беа повредени, а главната причина за повеќето од овие судири беше мразот. Особено критично беше во Белград, поради поголемиот обем на сообраќај, каде на повеќе места имаше верижни судири.
Најпрвин се случи несреќа на обиколницата околу Белград, недалеку од Остружница, кога избувна огромен пожар на камион со кој се превезуваа автомобили. Пожарот ја зафатил приколката, причинета е голема материјална штета, додека не се знае дали има повредени.
View this post on Instagram
Уште во мугрите имаше дури два верижни судири на новиот мост над Ада. Во првата сообраќајка учествувале три возила, додека во втората автобус на и два автомобили. Во оваа сообраќајка се повредени дури четири лица.
View this post on Instagram
Еден од автомобилите по судирот завршил на покривот.
View this post on Instagram
Уште една сообраќајка се случила околу седум часот на мостот Душановац. Автобус бил удрен од автомобил одзади. Нема повредени. Автобусот се излизгал поради мразот на коловозот и потоа двете возила дошле во контакт.