Вчера на улицата 22 Декември во Дебар, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(61) од с.Чајле, гостиварско, удрило во пешакот А.В.(63) од Дебар.
„Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани ви Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, извести МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.