Израелските медиуми го објавија идентитетот на лицата убиени во денешното пукање во Ерусалим: рабинот Елимелех Васерман (73), Чана Иферган (64) и Ливија Дикман (24).
Тајмс оф Израел пишува дека Васерман бил судија во израелскиот рабински судски систем, a дека Иферган бил директор на училиште во градот Беит Шемеш.
Полицијата утрово уби двајца вооружени Палестинци откако почнале да пукаат на автобуска станица во Ерусалим, соопштија израелските власти.
Нападот се случил покрај главниот автопат на периферијата на градот за време на шпицот, околу 7:40 часот по локално време, според израелската полиција.