Коен: Ќе продолжиме да се бориме сè додека не го елиминираме Хамас

Коен-Ќе-продолжиме-да-се-бориме-сe-додека-не-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен пред почетокот на денешниот министерски состанок на ОБСЕ, за разлика од многумина, застана пред новинарите на влезот на салата „Борис Трајковски“ и кажа дека Израел, откако ќе бидат ослободени заложниците и ќе заврши примирјето, ќе продолжи да се бори сè додека не го елиминира Хамас.


„Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците, војната која почна потоа и страдањето на луѓето во Газа, тоа е Хамас ИСИС. Ние ќе продолжиме да се бориме се додека не ги вратиме сите наши заложници и се додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободи Газа од Хамас ИСИС. За да се осигура дека вакви дела нема да се појават во ниедно друг место во светот“, рече Коен.

Израел ќе го почитува прекинот на огнот се додека не бидат ослободени заложниците, а потоа, Коен рече дека ќе продолжат да се борат. Иако недвосмислено рече дека Хамас е одговорен за маскарот, Коен направи паралелела со војната во Украина и рече „всушност видовме дека истата земја која се бори и ја поддржува борбата против Украина го прави истото против Израел, во моментов“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK