Русија му се заблагодари на Хамас

Русија-му-се-заблагодари-на-Хамас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи на Русија изрази благодарност до Хамас по вчерашното ослободување на двајцата киднапирани руски државјани кои беа држени во Газа. Властите велат дека заложниците не биле ослободени како дел од размената меѓу Израел и Хамас, туку како резултат на договор меѓу Русија и милитантната група.


„Нашите сонародници беа ослободени на 29 ноември во согласност со договорот што го постигнавме со движењето Хамас. Ние сме благодарни на раководството на Хамас за нивната позитивна реакција на нашите упорни барања. Ќе продолжиме да бараме ослободување на другите Руси кои се притворени во Појасот Газа што е можно поскоро“, соопшти Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK