Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ, поради неразумни билатерални пречки

Мицкоски-–-Сијарто-Македонија-е-предолго-надвор-од-ЕУ-поради.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сјарто.


Како што информираше ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочил дека Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓудругото и поради неразумни билатерални пречки со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евроинтегративни процеси.

„Македонија со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики сепак споредено со други држави кои веќе се членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неспорна стратешка цел членство во Европската Унија, подвлече на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Македонија како што се економската криза, растечката сиромаштија, скапите цени и инфлацијата како и недостатокот на инвестиции и реформи.

Двајцата соговорници ги потврдија исклучително добрите односи кои ВМРО-ДПМНЕ ги има со унгарската Влада и Мицкоски се заблагодари на поддршката која Македонија ја има од пријателска Унгарија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK