(Видео) Јунајтед не знае да победи и кога има 0:2 и 1:3, епски пресврт на ПСВ во Севилја

Видео-Јунајтед-не-знае-да-победи-и-кога-има-02.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два фантастични натпревари го отворија претпоследното коло во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д. На натпреварите во Истанбул и Севилја вкупно се постигнати 11 голови. Манчестр јунајтед и Севилја испуштија предност од два гола, разликата е таа што Јунајтед освои бод, а Севилја остана со празни раце.


Галатасарај и Манчестер јунатед одиграа 3:3. Јунајтед, водеше 0:2 и 1:3 но тоа не му беше доволно за победа. Голманот Андре Онана одново му одмогна на својот тим, виновен е за првите два гола на Галатасарај.

Два прекрасни гола постигнаа Гарначо и Бруно Фернандеш за предност 0:2 на „црвените ѓаволи“. Галатасарај до крајот на првиот дел се врати во мечот со голот на Зијеш, по лошата проценка на Онана.

Во вториот дел, Метоминеј му ја врати предноста од два гола на Јунајтед, а потоа Онано повотрно се „истакна“. Повотрно по слободниот удар на Зијеш, овојпат самиот ја спроведе топката во голот.

Конечниот резултат го постави Актуркоглу.

Во А групата Баерн има 12 бодови, Галатасарај пет, а Копенхаген и Јунајтед по четири бода.

ПСВ со пресврт славеше во Севилја 3:2 и дојде на чекор до пласман во нокаут фазата.

Глупоста на Окампос скапо ја чинеше Севилја. Домаќинот имаше сигурна предност со головите на Серхио рамос во 24. и Јусеф Ен Несири во 47.минута.

Натпреварот тргна во непосакувана насока за Севилја во 66.минута, кога Окампос поради груб старт го доби вториот жолт картон. Првата јавна опомена Аргентинецот ја доби три минути претходно поради приговор.

Спектакуларен гол во 68.минута постигна Саибари, Гудељ со авто-гол израмни во 81.минута, а победата на ПСВ му ја обезбеди Пепи во 92 минута.

Арсенал со девет бода е лидер во Б групата, ПСВ има осум, ленс пет, а Севилја два бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK