Гутереш: Во Газа досега загинаа 111 работници на Обединетите Нации

Гутереш-Во-Газа-досега-загинаа-111-работници-на-Обединетите-Нации.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од почетокот на конфликтот во Газа, загинаа 111 работници на Обединетите нации, што е најголем број на смртни случаи во историјата на организацијата.


Ова денеска го соопшти генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на ситуацијата на Блискиот Исток.

„Со голема тага и болка известувам дека од почетокот на непријателствата, 111 членови на нашето семејство на ОН се убиени во Газа. Ова претставува најголема загуба на персонал во историјата на нашата организација“, рече Гутереш.

Од почетокот на конфликтот, според шефот на ОН, околу 45 отсто од сите куќи во Газа се оштетени или уништени, 80 отсто од луѓето се протерани од своите домови, а повеќе од еден милион цивили се во засолништа на ОН.

„Да бидам јасен: цивилите, вклучително и персоналот на Обединетите нации, мора да бидат заштитени. Цивилните објекти, вклучително и болниците, мора да бидат заштитени. Објектите на ОН не смеат да бидат погодени“, рече Гутереш, нагласувајќи дека меѓународното хуманитарно право мора да се почитува од сите страни во конфликт и во секое време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK