Вчера вечер во 20.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицата „Прилепска“ и улицата „Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот З.С. од Битола, удрило во пешакот 38-годишниот З.С. од Битола, извести МВР.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.