Само две третини од пациентите имаат корист од традиционалната терапија. Според најновите истражувања, еден од три лека кои моментално се користат не го постигнува посакуваниот резултат. Причината е едноставна – болестите се различни како и луѓето. Персонализираната медицина се базира на оваа различност и развива таргетиранa терапија за секој пациент одделно.
Новата ера во медицината започна со дешифрирање на човечкиот геном. Разбирањето на генетскиот код донесе вистинска револуција во дијагнозата, превенцијата и лекувањето на многу болести, особено ракот. Фармакогенетиката се стреми да разбере како специфичноста на геномот на поединците го условува дејството на лековите и појавата на придружните несакани појави. Така се создаде персонализиран пристап во лекувањето на болестите, односно прилагодување на терапијата за секој поединечен пациент. Се таргетираат генетски карактеристики на пациентот, соодветните биомаркери и сите други индивидуални карактеристики кои влијаат на текот и исходот на лекувањето.
Ваквиот, индивидуален пристап кон дијагнозата и третманот може значително да ја зголеми ефикасноста на здравствената грижа и да ги намали трошоците.
Како функционира персонализираната медицина?
Само две третини од пациентите имаат корист од традиционалната терапија. Според најновите истражувања, еден од три лека кои моментално се користат не го постигнува посакуваниот резултат. Причината е едноставна – болестите се различни како и луѓето. Класичната медицина им дава еден лек на сите луѓе кои имаат одредена болест, како на пример хемотерапија за третман на различни видови на рак. Лековите се исти, но пациентите не. Целниот лек или терапија прилагодена на пациентот главно се заснова на одредување на генетскиот профил на пациентот.
Повеќето лекови во телото се метаболизираат со ензими, во некои случаи тие целосно или делумно го инактивираат лекот, а во некои случаи тие активираат претходно неактивен или помалку активен лек. Промените во гените на поединечните ензими може различно да влијаат на метаболизмот на лекот или група лекови. Поради оваа причина, познавањето на промените во гените може да влијае на одлуката за изборот и дозата на лекот. Одлуката за препорачаниот лек може да биде условена со употреба на други лекови, а целта е да се избегнат интеракции со лекови кои доведуваат до штетни несакани ефекти.
Препораката за лекови во согласност со генетскиот профил на поединците значително ја намалува веројатноста за појава на несакани ефекти а истовремено ја зголемува и веројатноста за подобар третмански исход. Според анализата на гените, лекарот прави попрецизен и посеопфатен преглед и соодветно, го избира најадекватниот тип и доза на лек што одговара за конкретниот пациент.
Кога ќе се определи целната терапија за секој пациент одделно, се избегнуваат многу негативни ефекти од лековите и пациентот побрзо закрепнува. Овој тип на целна терапија донесе револуција и голем напредок во лекувањето на повеќе болести, вклучително и карциномите.