Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со јавен обвинител, ќе поднесе кривична пријава против 28-годишниот Б.М. и 29-годишниот М.Б., двајцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР.
Имено, на 24.11.2023, двајцата дошле во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран и сакале да го подигнат патничкото возило „ауди“, кое на 19.09.2023 било одземено од Б.М. за докажување сопственост. Тие приложиле и купопродажен договор со кој сопственикот го продава на М.Б.. Меѓутоа, од увидот во договорот било забележано дека наместо патничко возило стоел мотоцикл и возилото не им било вратено. Истиот ден, тие донеле нов договор заверен кај нотар, при што било утврдено дека потписот на продавачот се разликувал од потписот во претходниот договор. Исто така, по извршени проверки кај нотарот, било констатирано дека тој нема заверено таков договор, по што било констатирано дека договорот е фалсификуван и против лицата ќе биде поднесена пријавата, соопшти МВР.