Полициски службеници на СВР Тетово синоќа околу 20 часот и 10 минути ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовска Брвеница.
Таа претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга која била хоспитализирана на едно од одделенијата.
Снименото, потоа го објавила на социјални мрежи.
Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.