Договор на векот: Кјубан го продава Далас, но и понатаму ќе управува со клубот

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Марк Кјубан, се уште актуелен сопственик на Далас Маверикс, одлучи да го продаде најголемиот дел од акциите на франшизата, објави Шемс Чарнија.


Според информацијата што ја пренесе новинарот, најголемиот дел од акциите, Кјубан ќе ги продаде на семејството Аделсон.

Миријам Аделсон, четвртата најбогата жена во светот и сопственичка на компанија чија примарна дејност се хотели и казина во Лас Вегас, продаде акции во вредност од две милијарди за да дојде до потребниот капитал.

Наводно за купување на Далас биле издвоени 3,5 милијарди долари. За споредба, Кубан го купи тимот од Тексас во 2000 година за 285 милиони долари.

Интересно и покрај продажбата, Кјубан ќе ја задржи контролата врз клубот, пред се врз кошаркарските операции на тимот кој играше во плеј-офот во 18 од 23 сезони откако тој стана сопственик и ја освои единствената титула во 2011 година.

Да потсетиме дека минатата година Кубан ги објави своите планови да го пресели тимот во нова арена, а за тој потфат го избра Лас Вегас Сендс, кој е во сопственост на Миријам Аделсон, која во 2021 година наследи 56 отсто од акциите на компанијата основана од нејзиниот сопруг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK