„Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26! Неверојатна случајност е дека општината токму сега се одлучува да го презентира овој план“, вели партијата Левица.
„Но, она што е сигурно е дека повторно се обидува шверцерски да се изигра мислењето и судот на жителите, со давање само 6 работни дена за поднесување на анкетни листови за истиот, и тоа само во бараките на Општина Карпош!
И овој обид на Јакимовски да удоволи на желбите на инвеститорите нема да биде поддржан од советниците на Левица во Карпош и повторно ќе излеземе во пресрет на жителите на Влае за заштита на нивната заедница“, се додава во соопштението на партијата Левица.