Вчера во 14.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци.
Тој се сомничи дека околу 12.15 часот во слаткарница во Кавадарци одзел паричник од Б.Т.(56) од Кавадарци.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а со малолетникот, во полициска станица, во присуство на родител и адвокат за малолетници, бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.