„Коцкарски бизниси од милиони евра за Груби, милионски соларни панели за Ковачевски, а за народот илјадарче до две поткуп за избори“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Коцкарски-бизниси-од-милиони-евра-за-Груби-милионски-соларни-панели.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Пакетот на мерки на СДС и ДУИ е пакет за мерки за поткуп на граѓаните. Тоа е брутално и нечовечко потценување на социјално ранливите граѓани, пензионерите, младите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Милиони евра за коцкарниците на Артан Груби, милиони евра бизниси за соларниот бизнис на Ковачевски, 2 милијарди евра за бизниси на фирми на ДУИ и СДС, за градба на коридорите, илјадници евра од час копање во РЕК, а за народот илјадарче до две таканаречена поддршка.

Инфлацијата која порасна со оваа власт за 200 посто, ги поскапе сите производи. Таа поддршка на граѓаните, која оваа влада ја дава, се јаде во првиот ден од месецот.

Оваа власт краде од болните со рак на Онкологија а сега ќе го спасува народот со илјада денари.

Знаат дека паѓаат и оваа власт, панично се труди со потценување на народот, да спаси мал процент од тоа што не може да се спаси.

Важно е што побрзо да паднат и промените бидат поголеми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK