(Видео) Таткото на 9-годишната Емили откри како го преживеала заробеништвото: „Ова беше најшокантното“

Видео-Таткото-на-9-годишната-Емили-откри-како-го-преживеала-заробеништвото.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Емили Ханд мораше да трча од куќа до куќа, принудена од Хамас да се движи додека израелските сили ја нападнаа Газа, изјави нејзиниот татко Томас за Си-ен-ен. „Застрашувачки е. Ја влечеле, ја туркале“, изјави тој за Си-ен-ен.


Емили беше киднапирана на 7 октомври и однесена во Газа, место кое сега го нарекува „кутија“. „Излегува полека, малку по малку“, рече Ханд.

„Ќе знаеме низ што навистина поминала кога целосно ќе се отвори“, изјави тој за Си-ен-ен. „Сакам да знам толку многу информации… но морам да и дозволам да излезе со нив кога ќе биде подготвена“.

Емили, која наполни 9 години во заробеништво, беше држена со нејзината пријателка Хила Ротем-Шошани и мајката на Хила Раја пред да бидат ослободени минатата сабота. Раја се грижеше за Хила и Емили како да се двете нејзини ќерки, рече Ханд.

Емили спиела во куќата на Хила кога терористите на Хамас упаднале во кибуц Беери. Ханд бил заробен во неговата куќа со часови, не можејќи да стигне до својата ќерка, додека масакрот продолжил – околу 130 жители биле убиени, а други биле заробени.

Околу два дена подоцна, водачите на кибуцот му рекле дека го виделе телото на Емили. „Тие само рекоа: Ја најдовме Емили. Таа е мртва.“ А јас реков: „Да!“ Реков: „Да!“ и се насмеав бидејќи тоа е најдобрата вест од сите можности што ги знаев… Значи смртта беше благослов, апсолутен благослов“, рече тој тогаш.

Но, речиси еден месец подоцна, израелската војска му кажа дека е „многу веројатно“ Емили да е жива и да е заложник на Хамас. Осум недели откако последен пат ја видел својата ќерка, Ханд бил информиран дека Емили е на списокот на втората група заложници, кои требало да бидат ослободени според привременото примирје меѓу Израел и Хамас.

„Одеднаш вратата се отвори и таа само истрча. Беше прекрасно, исто како што замислував“, рекол Томас. „Веројатно премногу силно ја стегнав“, додаде тој. Дури кога таа се повлече, можев да видам дека нејзиното лице е извајано, како моето, додека порано тоа беше буцкаво, како на девојче, детско лице“.

Како и другите заложници, Емили ослабела, а Ханд рече дека никогаш не ја видел толку бледа. И тој се потресе кога таа му се обрати.

„Најшокантниот дел од средбата со неа беше тоа што таа само шепоти, не можеше да ја слушнеш. Морав да го ставам увото до нејзините усни“, рекол тој. „Тие и велеле да не прави врева“.

Кога и дал мобилен телефон во комбето на пат кон дома, „најпрво ја пушти песната на Бијонсе“ и се насмеа. Ова беа првите знаци дека детското во неа не исчезнало. Се плашел дека Емили ќе му се налути што не дошол да ја спаси. Тој страв го прогонуваше откако слушна дека е жива, изјави тој за Си-ен-ен.

Кога ја прашал колку време мисли дека ја нема, таа одговорила „една година“. „Тоа беше како удар во стомакот“, вели тој.

„Таа плачеше синоќа, не ми дозволи да ја утешам. Претпоставувам дека заборавила како е тоа. Затоа чекав додека не се подготви. Таа е силна девојка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK