Фрегата на руската Црноморска флота изврши напад со четири крстосувачки ракети врз украинската воена инфраструктура, јави денеска руската државна новинска агенција ТАСС, цитирана од Ројтерс.
„Екипажот на фрегатата доби ненадејна задача да изврши напад со крстосувачки ракети „Калибр“ врз воената инфраструктура на непријателот во најкус можен рок“, пренесува ТАСС.
Ројтерс не можеше да потврди кога се случил нападот.