Папата не патува во Дубаи на COP28 поради здравствени проблеми

Папата-не-патува-во-Дубаи-на-COP28-поради-здравствени-проблеми.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско вчера го откажа учеството на климатската конференција COP28 во Дубаи поради здравствени проблеми. Папата требаше да ја започне тридневната посета на Дубаи во петок, а Ватикан претходно вчера соопшти дека патувањето ќе се оствари.


„Иако општата клиничка слика на Светиот Отец е подобрена во однос на грипот и воспалението на респираторниот тракт, лекарите побараа од Папата да не оди на тоа патување во Дубаи“, соопшти Светата столица, на што Папата се согласи „со голема жалење“.

Ватикан објави дека Франциско ќе ги ограничи своите активности оваа недела за да ја зачува енергијата.

Папата примаше антибиотици интравенски поради пневмонија и тешкотии со дишењето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK