СВР Тетово поднесе кривична пријава против 25-годишниот Н.М. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, извести МВР.
– На 03.10.2023 во Тетово, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопшти МВР.