Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Комуналците-од-Тетово-излегоа-на-штрајк-поради-неисплатени-плати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работниците во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ – работната единицата „Комунална хигиена“, излегоа на штрајк.



Вработените велат дека им доцнат три до четири плати, кај некои работници, а немаат ниту здравствено осигурување со месеци.

Револтирани велат дека нема да го собираат сметот додека не им се исплатат платите.

По штрајкот реакција стигна од општина Тетово.

Од тука велат дека се информирани за моменталната состојба во однос на општинските претпријатија. За справување со предизвиците и неуспехот на општинското претпријатие, како што се додава, одлучено е формирање на две нови претпријатија, едно за водовод и канализација, и едно за менаџирање со отпадот.

„Општина Тетово веќе има потпишан договор со приватен оператор и овој договор, кој стапува на сила на 1 декември 2023 година, ќе резултира со префрлување на работниците од општинското претпријатие во новото претпријатие „ОЕНЕУМ“. Со оваа измена, сите работници ќе земаат редовно плата, додека општина Тетово ја презеде обврската да обезбеди исплата на сите заостанати плати за овие вработени. Што се однесува до ЈП за водовод и канализација „Шари“ во фаза сме на трансформација на работниците од ЈКП Тетово во ново претпријатие. Со ова ќе се решат проблемите со платите и на овие работници. По завршувањето на овој процес, Општина Тетово ќе подготви посебна стратегија за заложба и обезбедување на плати за работниците кои ќе останат во сегашното ЈКП“, велат од општината.

На крајот, велат дека се сомневаат дека денешната реакција, на денот кога се слави празникот на албанското знаме, можеби е политички мотивирана.

„Ги замолуваме сите вработени во ЈКП Тетово, да не подпаѓаат на каква било провокација од политички фактори и да се фокусираат на соработка за решавање на актуелните прашања“, велат од општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK