Стефковски: Инклузијата на деца Роми во градинките е приоритет за општина Гази Баба

Стефковски-Инклузијата-на-деца-Роми-во-градинките-е-приоритет-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово беше дел од настанот на Министерството за труд и социјална политика на кој се потпишаа трипартитни договори за реализација на проектот “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки”.


За настанот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„Инклузијата на децата Роми во детските градинки е важна во создавањето на еднакви услови за воспитување на сите деца. Како градоначалник давам силна поддршка на проектот “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки” за што денес го потпишав трипартитниот договор помеѓу општина Гази Баба, ЈУДГ 25 Мај и Министерството за труд и социјална политика. Еден од моите приоритети е обезбедување услови за еднаков пристап и инклузија на сите деца во воспитно-образовниот процес без разлика на полот, етничката припадност и социјалната положба. Не смееме да заборавиме дека инклузивноста како определба произлегува од суштината на Конвенцијата за правата на детето во која јасно стои дека секое дете треба да добие еднакви шанси во развојот и можноста да биде рамноправен член на заедницата во која живее. Со овој проект општина Гази Баба обезбедува изведување на воспитна и згрижувачка дејност на дечиња Роми во ЈУДГ 25 Мај. Партнери на општина Гази Баба во реализацијата на проектот оваа година се УНИЦЕФ и Советот на Европа. Создаваме општина, еднаква за сите“ – напиша Стефковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK