Птичјиот грип се шири во Франција: од диви птици до живина

Птичјиот-грип-се-шири-во-Франција-од-диви-птици-до.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високо патоген вирус на птичји грип е откриен на фарма за мисирки во северозападна Франција, соопшти француското Министерство за земјоделство.


Во соопштението се наведува дека ширењето на заразата на фармата во Бретања е забележано откако птичјиот грип во последните неколку дена бил откриен кај дивите птици.

Министерството додава дека Франција го подигна нивото на тревога за птичји грип од „незначително“ на „умерено“.

Птичјиот грип, кој доведе до уништување на стотици милиони живина во последниве години, обично почнува да се шири во Европа во текот на есента и зимата.

Инфекцијата неодамна е откриена во неколку земји, меѓу кои Хрватска, Унгарија, Германија, Холандија и Италија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK