Олимпијакос го потврди трансферот на Петрушев

Олимпијакос-го-потврди-трансферот-на-Петрушев.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филип Петрушев кариерата ја продолжува во Олимпијакос, потврдија некаде пред полноќ челниците на клубот од Пиреја. Српскиот репрезентативец потпиша тригодишен договор со грчкиот гигант.


Петрушев (23) пред неколку дена го раскина договорот со Сакраменто Кингс и по неуспешната епизода во НБА, реши да се врати во Европа.

Ќе биде забележано дека Петрушев, барем во првиот обид, одигра три натпревари во НБА. Еден за Филаделфија, која го избра како 50. пик на драфтот во 2021 година и два за Сакраменто Кингс. каде пристигна „преку“ Лос Анџелес Клиперс.

23-годишниот центар играч на ЛА КЛиперс беше помалку од 24 часа.

Филип Петрушев две години играше на универзитетот Гонзага, а потоа професионалната кариера ја започна во Мега, сезоната 2021/22 ја мина во Анадолу Ефес и ја освои Евролигата, потоа се пресели во Црвена звезда каде настапуваше минатата сезона.

Петрушев минатата сезона во Евролигата имаше просек од 10,7 поени, 5,2 скока и 0,7 блокади, а летово со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на Мундобаскетот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK