Кадиров: Нови војници се подготвени за специјалната операција во Украина

21-kadirov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското Министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда.


„Борците ја имаат најдобрата опрема и модерното оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и многу мотивирани да постигнат резултати“, рече Кадиров на Телеграм.

За Кадиров војната во Украина е бедем против „западната агресија“, наведува Ројтерс.

Кадиров во мај изјави дека Чеченија испратила повеќе од 26.000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили од почетокот на војната меѓу Русија и Украина, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK