Руската амбасада со потврда: Бугарија дозволи прелет на авионот на Лавров за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Македонија

Руската-амбасада-со-потврда-Бугарија-дозволи-прелет-на-авионот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската амбасада во Бугарија соопшти дека бугарските власти дозволиле авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да прелета низ бугарскиот воздушен простор за да пристигне на самитот на ОБСЕ во Северна Македонија, пренесуваат медиумите во регионот.


„Да, потврдуваме“, изјавија од руската амбасада за РИА на прашањето дали е вистина дека Бугарија дозволила авионот на шефот на руската дипломатија да прелета.

Портпаролот на Европската унија Петер Стано претходно изјави дека дозволата за прелет на руското Министерство за надворешни работи не претставува кршење на антируските санкции.

Состанокот на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на ОБСЕ ќе се одржи во Скопје од 30 ноември до 1 декември на барање на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK