Вчера околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража во куќа на улица „Среќко Пужалка“ настанал пожар, при што било опожарено патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.М.(82) од Скопје, извести МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен, додаваат од МВР.