Реал Мадрид, синоќа победи во Кадиз (3:0), во 14. коло од Примера. Во текот на натпреварот се повреди Лука Модриќ.
Капитенот на хрватската репрезентација му асистираше на Родриго за вториот гол и потоа веднаш го напушти теренот. Во Реал се уште не се сигурни за каква повреда се работи, па Модриќ утре ќе оди на дополнителни тестови.
Новинарот Хозе Луис Санчез објави дека Модриќ дефинитивно ќе го пропушти натпреварот против Наполи, во среда во Лигата на шампионите, а најверојатно ќе го пропушти и следниот првенствен натпревар против Гранада.
Модриќ оваа сезона одигра само 717 минути. Тренерот Карло Анчелоти најмногу му даваше шанса од клупата, но Модриќ го започна мечот во Кадиз по серијата повреди на други играчи.
See Luka Modric reaction 😍😅pic.twitter.com/kDWtEkF2kK
— Kojo Young (@YoungRich107) November 26, 2023