(Видео) Ковачки: Ѝ даваме поддршка на иницијативата за обесштетување на бранителите

Видео-Ковачки-Ѝ-даваме-поддршка-на-иницијативата-за-обесштетување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како партија отсекогаш сме давале поддршка на обесштетувањето на семејствата на загинатите бранители и воените инвалиди. Во изминатиот период неколкупати поднесувавме закони, меѓутоа знаете дека тие беа одбивани со договор помеѓу СДС и ДУИ, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.


Потенцира дека како политичка партија даваат апсолутна поддршка на иницијативата, која денеска е предложена од страна на претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

„Ќе ја разгледаме иницијативата и ќе ја поддржиме. Ги повикуваме и другите политички партии да се приклучат за да се намали оваа голгота, 20 и неколкугодишна голгота на семејствата на загинатите бранители“, рече Ковачки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK