Спасовски: Улогата на Одделот за воздухопловни единици при МВР беше клучна во справувањето со пожарите и бројните спасувачки мисии

Спасовски-Улогата-на-Одделот-за-воздухопловни-единици-при-МВР-беше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово се одржа Свечена церемонија по повод 54 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР, на која свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, началникот на Одделот за воздухопловни единици, Ненад Алексовски, како и државната секретарка на Република Словенија, Тина Хеферле, во присуство на раководството на МВР и бројни претставници од државните институции и дипломатски претставништва, соработници на Одделот.


Истакнувајќи дека преку својот високо професионален пристап низ годините Одделот се изгради како важен оперативен елемент што ги опслужува сите функционални единки и служби во Министерството за внатрешни работи, министерот Спасовски во своето обраќање ја потенцираше суштината на работењето на Одделот.

„Кога зборуваме за сегментот на оперативно дејствување на Одделот за воздухопловни единици тој претставува еден од суштинските во полициското работење, преку кој се извршуваат сите задачи од областа на антитероризам, одржување на јавниот ред и мир, заштитата и спасувањето, помош при елементарни непогоди и други останати полициски работи”, рече министерот Спасовски. Притоа, тој се осврна на неколкугодишниот развој на Одделот. „Од 2017 година наваму го динамизиравме процесот на материјално-техничко оспособување на полициските служби и на полициските службеници на ниво на МВР, па така и во Одделот за воздухопловни единици се ориентиравме кон неговиот континуиран развој и модернизирање, како во поглед на личната опременост на полициските службеници коишти работат тука, така и во поглед на подобрување на објектите и инфраструктурата што тие ја користат во секојдневното работење. Во овој период на развој беше инвестирано во низа неопходни инфраструктурни потреби на Единицата, не само од аспект на материјално-техничките потреби како што се реновираниот објект на Единицата, рампа за десантирање на тимови од воздух, ведро и резервоари за гаснење пожари, туку и персоналното опремување на вработените со летечки униформи и специјална летечка опрема, но и униформи за персоналот за техничко одржување”, рече Спасовски.

Спасовски особено ја потенцираше летната сезона и гаснењето на пожарите, како и спасувачките мисии од страна на Одделот.

„Она што сакам посебно да го потенцирам е полициското дејствување за време на летната сезона, изминативе три години, каде Одделот за воздухопловни единици беше клучен во справувањето со огнените стихии низ територијата на целата држава. Притоа, соработувајќи со низа институциите од државниот апарат, припадниците на Хеликоптерските единици за полициски и за посебни намени секогаш се во првите редови на системското спротивставување, заштита и превенција од пожари, а секако вредни за споменување се бројните заеднички спасувачки мисии реализирани во координација со другите полициски служби, првенствено со Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за брзо распоредување”, истакна Спасовски, со уверување дека и во годините пред нас припадниците на Одделот ќе бидат на висина на задачата и професионални и посветени како и досега и дека заеднички ќе се вложи дополнителна енергија и ентузијазам во натамошниот раст и развој на Одделот, со единствена цел – градење на полиција сервис на граѓаните и гарант за сигурноста и безбедноста.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK