Томовски: Со ВМРО-ДПМНЕ над 300.000 пензионери ќе добијат по 5.000 денари покачување на пензиите

Томовски-Со-ВМРО-ДПМНЕ-над-300000-пензионери-ќе-добијат-по-5000.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пензионерите едвај врзуваат крај со крај, со месеци протестираат барајќи денар повеќе за леб и лекови, за пензии и она што им следува, но власта на СДС и ДУИ остана нема.Тоа се над 300.000 наши сограѓани, луѓе во време кога треба да ги живеат најубавите години тие се донесени на работ на егзистенција, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.


„ВМРО-ДПМНЕ го цени трудот на нашите најстари сограѓани, кои тие го имаат вложено во државата и нејзиното градење, и заради тоа уште во првата година од мандатот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги зголемиме сите пензии за 5.000 денари. Секој пензионер линеарно ќе добие по 5.000 денари покачување на својата пензија. Со овој чекор трајно ќе се зголеми животниот стандард на пензионерите со ниски пензии, и нивниот доход ќе биде на ниво кое може да ги покрива основните егзистенцијални потреби“, рече Томовски.

Како што додаде, несериозни се замачкувањата на очи која ги прави оваа влада на пензионерите со покачувања од неколку стотици денари, со кои едвај можат да купат 5 литри млеко или една кутија апчиња.

Со 5.000 денари линеарно покачување кое ќе го направи ВМРО-ДПМНЕ, вели тој, пензионерите ќе може да бидат сигурни дека парите кои ги земаат како пензија ќе можат да ги покријат нивните месечни потреби за храна и лекови.

„Пензионерите мора да знаат дека не се оставени сами на себе. ВМРО-ДПМНЕ мисли на пензионерите, и грижата кон нив ќе биде на високо ниво“, додаде Томовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK