Интер сака да му го продолжи договорот на Лаутаро

Интер-сака-да-му-го-продолжи-договорот-на-Лаутаро.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека клубот преговара со Лаутаро Мартинез околу продолжување на неговиот договор. Аргентинецот има договор со Интер до 30 јуни 2026 година.


Мартинез (26) во Интер пристигна во 2018 година од Расинг за околу 23 милиони евра.

„Во преговори сме со Лаутаро и неговите менаџери за финализирање на новиот договор. Ние сме многу мирни во врска со тоа. Верувам дека нема да има проблеми во преговорите, бидејќи Мартинез сака да продолжи да игра за нашиот клуб“, изјави Марота.

Во Торино, Интер вчера ремизираше со Јувентус (1:1) во 13. коло од Серија А, а единствениот гол за Интер го постигна Лаутаро Мартинез во 33. минута.

Аргентинскиот напаѓач за Интер одигра 255 натпревари и постигна 117 голови. Со клубот освои пет трофеи. Мартинез за аргентинската репрезентација настапи на 54 натпревари и постигна 21 гол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK