Орбан јасен : „Русија нема да изгуби, ЕУ мора да излезе со „план Б“

Орбан-Неопходно-е-да-се-заострат-правилата-за-азил-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека САД и ЕУ треба да ја прифатат реалноста и да излезат со „план Б“, бидејќи Русија нема да загуби.


Орбан рече дека стратегијата на САД и ЕУ за финансирање на војната во Украина, со надеж дека малата загуба на бојното поле ќе доведе до промена на власта во Москва, е залудна.

„Наместо да се обиде да го локализира конфликтот, Западот реши да го ескалира, правејќи го глобален“, рече Орбан на настанот по повод одбележувањето на 90-годишнината од швајцарскиот конзервативен неделник „Велтвохе“ во Цирих.

Стратегијата на Западот и ЕУ, Орбан ја опиша како: „ние финансираме, а Украинците се борат и умираат“.

„Сепак, каде што сме сега, очигледно е дека Украинците нема да победат на првата линија“, рече тој.

Орбан истакна дека нема решение на бојното поле и дека Русите нема да загубат.

„Во Москва нема да има политички промени. Тоа е реалноста“, изјави Орбан.

Според него, Западот треба да се соочи со реалноста и да излезе со „план Б“, кој ЕУ во моментов го нема.

Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Киев претрпел „колосални“ загуби на фронтот, со најмалку 13.700 жртви само овој месец, заедно со уништување на 1.800 тенкови и друго тешко оружје.

Според руските проценки, Киев изгубил повеќе од 100.000 војници од почетокот на неуспешната контраофанзива на почетокот на јуни, пренесува „Раша тудеј“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK