Ивановски го изедначи најдобриот пласман во кариерата, Ѓоковиќ 401. недела е број 1

Ивановски-го-изедначи-најдобриот-пласман-во-кариерата-Ѓоковиќ-401-недела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го изедначи најдобриот пласман на АТП листата, на која Новак Ѓоковиќ ја започна 401. недела на првото место.


Калин Ивановски имаше добар настап на Челинџерот во Јокахама, Јапонија, каде преку квалифиакциите стигна и до главната фаза на турнирот.

Ивановски напредуваше за 18 места и од денес се наоѓа на 305.место на АТП листата.

Новак Ѓоковиќ ја предводи АТП листата, на која нема никакви промени во Топ 10.

Србинот има 11.245 бодови, втор е Карлос Алкараз со 8.855, а трет Данил медведев (7.600).

Четвртиот играч на планетата е Италијанецот Јаник Синер, а во Топ 10 се и Гркот Стефанос Циципас, Германецот Александар Зверев, Данецот Холгер Руне, Полјакот Хуберт Хуркач и Американецот Тејлор Фриц.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK