84-годишната заложничка што ја ослободи Хамас се бори за живот

84-годишната-заложничка-што-ја-ослободи-Хамас-се-бори-за-живот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Елма Авраха – 84-годишната жена која вчера беше ослободена од Газа, е во тешка состојба и се бори за живот, изјави нејзиниот син Ури Равиц за „Би-Би-Си“.


На 7. октомври милитантите на Хамас ја киднапираа Елма од нејзиниот дом во близина на Газа. Равиц подоцна пронашол снимка на социјалните мрежи на кои се гледа како 84-годишната жена е опколена од вооружени членови на Хамас на мотор. По ослободувањето, со хеликоптер била префрлена во болница во Бершева.

„Не ја лекувале, сега се соочуваме со страшни последици“, рекол синот.

Медицинскиот центар Сорока во Бершева наведува дека милитантите седум недели држеле постари пациенти во подземни тунели, без оглед на нивната здравствена состојба. „Тоа е страшно. Тие држеле постари пациенти во подземни тунели седум недели и целосно ја занемарувале нивната медицинска нега“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK