Мицкоски: Меѓународно ќе ја профилираме Македонија како држава со најнизок данок на добивка

Мицкоски-Меѓународно-ќе-ја-профилираме-Македонија-како-држава-со-најнизок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Разгледуваме како да направиме предвидлив даночен систем, даночен систем кој што нема да има осцилации и тоа го слушам до сите бизнис асоцијации и стопански комори кога имам состаноци со нив, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од настанот „Важно е! Платформа за иднина!“ во рамките на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Важно е“ Од тебе зависат промените!“.


Во однос на ова, Мицкоски најави дека планира да се најави интервенција во данокот на добивка кој што ќе важи за сите компании, како за македонските така и за странските кои што своите профитни центри или седишта ќе ги донесат во државата, така што за секоја повисока остварена и декларирана добивка ќе следи намалување на стапката на платен данок, со што Македонија ќе биде меѓународна профилирана како држава со најнизок данок на профит.

„И тука би сакал да дадам една најава, планираме сериозно да интервенираме во данокот на добивка и тоа за секоја компанија, без разлика дали е домашна. Можеби компанија која што ќе дојде од Европа и светот, која што својот профитен центар или седиште ќе го донесе во Македонија, за деклариран профит до 20 милиони евра данокот ќе остане ист, 10%, нормално, ако е реинвестиран 0%. Ако пријави профит околу 20 и 30 милиони евра, данокот ќе биде 8%, од 30 го 50 милиони евра ќе биде 6%, а над 50 милиони евра данокот ќе биде 5%, со што Македонија ќе се профилира како држава со најнизок данок на профит. Затоа ги повикувам, не само домашните компании, туку и компаниите во регионот, во Европа, па и во светот своите профитни центри да ги префрлат тука, во Македонија и да заштедат во својот бизнис средства кои што ќе им бидат потребни понатаму да го развиваат својот бизнис“, рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK