ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ да се охрабри за избори без техничка влада, но и без технички премиер од редовите на ДУИ.
Во соопштение до јавноста ВМРО-ДПМНЕ порача:
„СДС да се охрабри, избори без техничка влада и технички премиер од ДУИ. Техничката влада во минатото се покажа како нефункционална. За време на техничката влада освен нефункционални институции граѓаните не добиваат ништо друго. ДУИ е најкриминализираната структура во државата. Нема функционер од таа партија кој не е вклучен во корупција. Срамота за државата е техничкиот премиер да дојде од нивните редови. Во Македонија може да има избори без техничка влада и без технички премиер од ДУИ. СДС треба само да се охрабри и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.